Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со закани за физичко насилство го блокираат растот на платите за наставниците

На седницата на Комисијата за обрзование, наука и спорт пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со закани за физичко насилство и предизвикување хаос ја попречуваат расправата за измените на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

Со измените на законот над 27 илјади наставници и стручни соработници ќе добијат повисоки плати, а на дури 4700 од нив работниот однос ќе им се трансформира од определено, на неопределено време.

Сепак, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ грижејќи се само за теснопартиски интереси ја блокира дури и распавата за овој закон, а не пак неговото носење и спроведување.

Опозицијата цела година го блокира овој закон, попречувајќи ја работата на Комисијата, а ситуацијата ескалираше денеска кога с овикање и закани, целосно деградирајќи го Собранието се обиде да исценира инцидент.

Со ваквиот однос пратениците од опозицијата покажуваат колку тие се грижат за наставниците и дека доколку некоја мерка за доброто на граѓаните не им носи нив политички поени, тогаш тие се спремни да ја блокираат.

Можеби ќе ве интересира

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе учествува на Парискиот сајбер самит

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче ја продолжува политиката на национални отстапки, нема да има уставни измени без гаранции

ДЕСК