Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против двајца препродавачи на марихуана од Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против двајца 33-годишни гостиварци за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По спроведена истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека двајцата обвинети соизвршители на 31.12.2021 година од непознати лица од населбата Драчево во Скопје купиле наркотична дрога – марихуана со намера да ја препродадат во Гостивар. При контрола на наплатната рампа кај Гостивар во нивното возило биле пронајдени 22,94 грама марихуана.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за еден од обвинетите, додека другиот обвинет веќе се наоѓа на издржување на затворска казна за друго кривично дело.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ИЗБИРА НОВ ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Пет кандидати во трка, гласаат 187 обвинители

ДЕСК