23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тимчо се поднови со десктоп компјутери од по 104.200 и лаптопи од по 56 илјади денари + ддв, вкупно ќе потроши два милиони и триста илјади денари

Градоначалникот на Општина Аеродром, на почетокот на годинава потпишал договор за набавка на екстремно скапи лап топи и десктоп компјутери.

Според договорот кој јавно е објавен на страницата за јавни набавки, Општина Аеродром набавила 5 персонални компјутери кои чинат по цени од по 104.200  денари + ддв по парче, односно за сите пет со вклучен ДДВ вкупно 547 илјади и 50 денари.

Солидни суми се потрошени и за лап топ компјутери, 30 на број, по цена од 55 илјади и 900 денари од парче без ддв, односно за сите 1.760.850 денари вкупно.

За целата оваа намена издадена е фактура на износ од 2.307.900 денари односно 37.526 евра.

Кога ги погледнавме цените во македонските продавници за технологија, забележавме дека еден солиден канцелариски лаптоп изнесува од 18 до 20.000 денари, додека за истите пари може да се набави уште подобар персонален компјутер со монитор и галантерија.

Цени од над 100.000 денари за десктоп компјутери или речиси илјада евра за лаптопи, забележавме во некои од македонските продавници за техника, каде беше нагласено дека тие компјутери се користат за гејминг или копање на крипто валути, бидејќи поседуваат моќни графички картички.

Засега е непознато која е потребата за набавка на толку скапи компјутери од страна на една општина, со оглед дека работат со документи.

Целиот договор може да го прочитате тука.