Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Грковска: Мојот кабинет детектира слабости и координира активности за нивно надминување

„Улогата на кабинетот за политики за добро владеење е во соработка со сите институции да ги детектира слабостите и како координатор, да се координираат активностите за да се најдат најдобрите решенија“ рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Таа изјави дека мапирањето на системските слабости е една од нејзините ингеренции во соработка со останатите институции и невладиниот сектор.

„Ја направивме програмата и планот за работа за 2022 година, а приоритет имаат работите што може брзо да се решат. Ние нема да носиме брзи и популистички решенија, бидејќи тие не се апликативни не може да се применуваат“ рече Грковска.

Таа додаде дека поважно е да се имаат стабилни решенија кои ќе бидат долгорочни и ќе може да се надополнуваат и надградуваат.

Можеби ќе ве интересира

СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ – 23-годишна жена тешко повредена, уште две лица завршиле со повреди

ДЕСК

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Митровден, денот на Свети Димитриј, симбол на верата, храброста и надежта

ДЕСК

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК