14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Шкријељ: Сите пратеници да гласаат за измените на Законот со кој минималната плата се зголемува на 18.000 денари

Прес-конференција на СДСМ, Санела Шкријељ, пратеничка:

Денеска на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, со кои создаваме услови минималната плата да изнесува најмалку 18.000 денари.

Веќе од први април околу 80.000 работници ќе добиваат плата повисока за скоро три илјади денари.

Со ова последно зголемување, за само четири и пол години, минималната плата ја зголемивме од 8.800 денари на 18.000 денари, односно за повеќе од 100 отсто.

Ова го постигнавме, како и досега низ еден транспарентен и конструктивен дијалог помеѓу социјалните партнери – Владата, претставници на работниците и претставниците на работодавачите.

Работниците, вреднувањето на нивниот труд, обезбедувањето на достоинствени услови за работа се наш врвен приоритет затоа што работниците се нашата најголема вредност.

Овој Закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи, со воведувањето на новиот критериум за пресметување на минималната плата, таа не може да биде пониска од 57 проценти од висната на просечната плата.

Дополнително, оваа мерка е исклучително важна за унапредувањето на родовата еднаквост , бидејќи факт е дека жените доминираат во трудоинвазивните дејности. Економското јакнење на жените е клучно за родовата еднаквост.

Ги повикувам сите пратеници, да ги поддржат овие измени на Законот, тие да бидат донесени што е можно побрзо, затоа што се работи за подобрување на стандардот на 80.000 наши сограѓани, се работи за унапредување на нашата домашна економија.

Како парламентарно мнозинство, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои значат вложување во луѓето, во подобриот стандард и повеќе пари во секое семејство.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.