3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обичен граѓанин цел на лажни вести, навреди доживува хорор поради структури на Левица и ДПМНЕ

Како обичен граѓанин од Кратово стана цел на лажните вести на опозицијата и машинеријата на опозицијата од кратовчанец го претвори во озогласен инспектор на СДСМ од гевгелија?

Откако ресторан бил казнет поради кршење на закони во Македонија, опозициските структури го украдија идентитетот на граѓанинот кој живее во Кратово, Мартин Колев и лажно крадејќи негови фотографии го претставиле како инспекторот од Гевгелија кој го казнил ресторанот во Гевгелија.

Лажната вест ја обиколи Македонија, а овој граѓанин ни крив ни должен се најде во мноху тешка ситуација.

Тој доби и закани со ликвидација од разулавеното членство на опозицијата. Сега тој живее хорор, а најверојатно со ова ќе треба да се позанимава и македонската полиција, бидејќи не само што опозицијата му ја нарушила честа и угледот, туку и неговиот живот е ставен во опасност.

Во продолжение е неговото обраќање:

Почитувани, се обраќам до цела поширока јавност, бидејќи деновиве моето име беше неосновано споменувано во разни деградирачки контексти за мојата личност, а се со цел евтини политички препукувања и собирање политички поени на моја сметка. Дезинформацијата која членовите, генералниот секретар Мојсоска, советникот од Левица Саше Јанчев и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја објавија на социјалните мрежи, со клевети дека јас сум бил директно инволвиран во случајот од пред некој ден кога угостителски објект во Гевгелија беше затворен поради некои нерегуларности со наводна политичка позадина, беше причина да се наруши мирот и угледот на мене и моето семејство. Инаку, за информација до јавноста, јас НЕ сум вработен како инспектор во УЈП, ДПИ, Трудов инспекторат или било кој друг инспекторат. Јас потекнувам, живеам и работам во Кратово, а не во Гевгелија, како што беше наведено во веста. Тој ден ниту службено, ниту работно сум бил во Гевгелија! Јас како и сите граѓани на оваа држава сакам достоинствено и мирно живеење во нашето општество и никому нема да дадам за право тоа да ми го ускрати. Од членовите, генералниот секретар и лидерот на партијата Левица како и од порталите кои ја имаат објавено оваа дезинформација , барам јавно извинување, во спротивно ќе ги искористам сите правни средства кои ми стојат на располагање согласно позитивните законски прописи за одбрана на мојот чест и углед.