7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Се основа Здружение за остварување на заеднички интереси на контролерите и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА КОНТРОЛИНГ АСОЦИЈАЦИЈА – МКА

Од анализите направени од страна на светското тело за воведување на стандарди за контролинг – IGC International Group of Controlling, може да се констатира дека во земјите од ЕУ, за жал, не може точно да се диверзифицира одговорноста на менаџерот и контролерот, во насока на тоа, каде започнува, а каде престанува истата.

Во компаниите од Западна Европа, се вели: „нема идеални, туку има добри системи на систематизација.“

Ставот на првата македонска банкарска академија – АБИТ е на иста линија со Германците, и вели: „Одделот за контролинг, треба да биде надвор од одделот за финансии, и тоа, сосема независен и неутрален.“ Да, контролинг одделот треба да биде до управата, но не многу блиску до неа. Луѓето, понекогаш се обидуваат да го решат овој проблем на преклопување (меѓу менаџментот и контролерот) со помош на детално и прецизно формулиран опис на работата. Меѓутоа, со тоа, само се вплеткуваат во бирократски описи и не се блиску до решение.

За таа цел, идејата е: „помалку регулатива, а повеќе управување по основ на слобода.“ Описот на работата на контролерот треба да се формулира во духот на Наполеоновата максима за Уставот: „Elle doeit etre sourte at obscure“ – кратко и не премногу прецизно. Но, она што нас ни е потребно, се насоките. Насоките обединуваат, а описот на работата – разединува.

За ваквите дилеми и многу други актуелни теми, почитувани сегашни и идни контролери, во периодот што следува, а под менторство на:
• Prof. Dr. Ronald Gleich, академски директор на „Center for Performance Management & Controlling“ во “Frankfurt School of Finance & Management“ (еден од најдобрите универзитети за банкари, финансисти и менаџери во Германија) и член на управата во Хајделберг Институт во Скопје;
• Професорите од управата на Хајделберг Институт во Скопје;
• ФОРУМ Институтот во Хајделебрг;
• Државниот дуален Универзитет од Манхајм, преку неговите алумни членки, околу 2000 германски компании; и
• Хајделберг Факултет во Скопје (во основање),
проф. д-р Синиша Наумоски, од АБИТ, како раководител на сертификациона програма, со колегите контролери од сите 6 генерации во АБИТ и Хајделберг Институт во Скoпје, ќе реализираат серија на работилници, публикации и презентации пред познат работодавач, со цел, постигнатите ефекти од претходни анализи и проекти на работните групи контролери, да добијат на значење. Имено, тоа е можно само преку алумни координација, како оддел во Македонска контролинг асоцијација – МКА. За таа цел, АбИТ наскоро ќе објави и почеток со работа на Здружението за остварување на заеднички интереси на контролерите и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА КОНТРОЛИНГ АСОЦИЈАЦИЈА – МКА.

„Имено, ние во АБИТ сме на мислење дека како држава, после 8 години работа, 4 меѓународни конференции со повеќе од 400 учесници и 75 сертифицирани македонски контролери со знакот за квалитет од IGC, заслуживме асоцијација, која, ќе има за цел – да креира свој алумни клуб и да ги промовира идните консултанти во оваа област, како и да ја развива функцијата на контролинг во малите и средните претпријатија и јавниот (државен) сектор.“ – изјави проф. д-р Наумоски

Можеби ќе ве интересира

ВО ТЕК ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку би била сумата која би ја добиле вработените на своите сметки

ДЕСК

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања: Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

C +