7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Опструкциите и блокадите на опозицијата се на штета на граѓаните

„Филибастеринг, опструкции, долги амандмански расправи се демократски инструменти, но не треба да се прават на директна штета на граѓаните. Ова веќе не е филибастеринг туку блокада на Собранието, за да не поминат одредени мерки од кои власта би добила полтиички поени, иако тоа се прави на штета на граѓаните“ кажа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот со кој ќе растат платите на наставниците и стручните соработници во средните и основните училишта со растот на минималната плата.

„Впечатокот е дека се прави вештачка криза, дури и со блокирање на законски измени со кои наставниците и кадарот во основните и средни училишта ќе добива повиски плати. Во истиот закон се предвидува и трансформација од определен во неопределен работен однос за 4700 наставници“ кажа Богоев.

Тој рече дека има неколку актуелни работи за кои власта и опозицијата може да покажат конструктивност и да разговараат, но не е во ред кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за првата средба со Ковачевски однапред поставува услови.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +