23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Скандал: Влатко Ѓорчев се буни затоа што полицијата напишала казни на пешаци кои поминале на црвено – го одравте народот, вели тој

– Заевистан е во банкрот. Таче го полни буџетот. Го ОДРАА народот со казни. 156 казни за пешаци⁉️, ова е статусот на поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ и функционер во ВМРО ДПМНЕ, како реакција на соопштение на полицијата дека напишала 156 казни на пешаци кои поминале на црвено или не ги почитувале правилата за преминување на улица, со што го довеле сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот во прашање.

Ова е скандалозно, реагираат граѓаните на социјалните мрежи. Немаше да биде толку срамно доколку го напишеше некој обичен граѓанин, но поранешен пратеник и човек од врвот на опозициската партија е навистина скандалозно, коментираат граѓаните и додаваат дека никој не смее да поминува на црвено, ниту пешак, ниту возило.

Погледнете го статусот на Влатко Ѓорчев:

Инаку по повеќе сообрќаајки со смртни и тешки последици изминатиот период поради пребрзо возење или невнимавање на пешаците, МВР уште повеќе ги зајакна контролите на скопските булевари и улици.

За што се буни Ѓорчев?, соопштението на МВР во продолжение:
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 303 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 156 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.