Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Со покачувањето, минималната плата кај нас „ја претрка“ онаа во Србија, БиХ и Албанија

Со последното покачување на минималната плата на 18.000 денари што синоќа ја договорија Владата, Синдикатите и Асоцијацијата на работодавачи, Северна Македонија сега предничи пред неколку земји во регионот.

Во Косово минималната плата се движи од 8.000-10.475 денари, во Албанија минималната плата е 15.193 денари,во БиХ минималецот за работниците изнесува 17.106 денари, а во Србија е 17.925 денари. Во земјите од регионот кои се членки на ЕУ, минималата плата изнесува 20.720 денари во Бугарија и 30.695 денари во Хрватска.

Новина од синоќешните преговори е тоа што висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК