Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

145 пијани возачи казнети во текот на изминатата ноќ

Во текот на изминатата ноќ во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што биле санкционирани 145 пијани возачи.

Од нив, 33 на територијата на Скопје, 29 на територија на Битола, по 16 на територијата на Штип и Струмица.

При акциската контрола биле откриени и 200 други видови прекршоци.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +