Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата го приведе заканувачот на обвинителот Љубомир Јовески

Привден е мажот кој во минатата недела преку писмо му се закануваше на јавниот обвинител Љубомир Јовевски, дознаваме неофицијално.

Од МВР најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Како што неодамна објави обвинителот Јовески, извесна терористичка организација му испратила смртни закани преку писмо на македонски и на англиски јазик, ако не се ослободат од гонење двајца новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Обвинителот Јовески откако во јавноста беше објавено и заканувачкото писмо изјави дека нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите.

Како што објавивме претходно и шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска пред еден месец добила две писма со закани по живот.

Случајот, како што извести Дојче Веле, обвинителката го пријавила веднаш во Министерството за внатрешни работи, по што добила дополнително обезбедување, согласно законот. Таа се уште чека информации од полицијата дали е откриено кој стои зад заканите.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК