Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

Димовски од ССМ: Владата ги поддржа заложбите на синдикатот

По повеќе од три часа преговарање во Владата на Северна Македонија, не се постигна договор за минимална плата. Првиот човек на ССМ, Дарко Димовски револтиран од односот на работодавачите, тие не прифатиле работниците да добијат зголемен минималец, додека за Владата рече дека ги поддржила заложбите на синдикалците.

-Работодавачите во „5 до 12“ излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение – изјави Димовски.

За в петок закажана е нова средба и нова рунда преговори, а доколку работниците не го добијат минималецот од 18.000 најавуваат штрајк.

Можеби ќе ве интересира

Животот стана пресметка: Колку денари остануваат откако ќе се платат основните обврски?

ДЕСК

Мицкоски со убава вест за граѓаните: Дизелот би можел да поевтини од 6 до 6,5 денари уште во понеделник

ДЕСК

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните шест недели по најавите за продолжено примирје меѓу САД и Иран

C +