Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лажни се вестите дека јавно ќе бидат објавувани имињата на заразените, целта е решенијата за изолација да пристигнуваат дигитално до граѓаните кои треба да се во изолација

Денеска повеќе медиуми, но и партиски ботови на опозицијата лажно ја известуваа јавноста дека заразените и граѓаните во изолација јавно ќе бидат објавувани.

Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци и без нивно јавно откривање.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од КОВИД-19.

Моделот подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение ќе има пристап преку веб-страна единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб платформа, граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +