Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Наскоро зголемуваме минимална плата, но низ отворен дијалог со социјалните партнери

„Учевствував во правењето на економската програма, во 2016 година, и бев за зголемување на минималната плата. Но, и тогаш, и сега, зголемувањето мора да биде низ дијалог со социјалните партнери. Растот на платата оди со продуктивноста. Не можеме ние во Владата административна одлука да донесеме дека платата се покачува, а да немаме консензус за тоа од сите страни. Покачувањето мора да биде низ дијалог и во согласност со сите социјални партнери. Сега во понеделник имаме состанок со синдикатите и со владини преставници. Ние сме за зголемување, но мораме сите да ги слушнеме. Истото беше и со недела за неработен ден. Имаше дебата подолго време, имаше различни ставови, но сепак на крај имавме решение, на кое сите се согласија. Така мора да биде и сега за минималната плата. Ние како Влада сме подготвени, но сакаме учевство на сите засегнати во процесот.“- категоричен беше премиерот Димитар Ковачевски, во интервјуто на МТВ.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +

Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +