Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Битиќи: Власта порано сама носеше одлуки, сега имаме дијалог и заеднички одлучуваме

„Јавноста мора да биде доследно информирана. Ние не тактизираме со минималната плата, туку сакаме да му дадеме предност на дијалогот за да ги чуеме ставовите и предлозите на сите социјални партнери. Одамна го имаме ставено во програма дека минималната плата ќе расте, но ние мораме да обезбедиме поддршка од сите страни во дијалогот, и бизнис секторот, и синдикатите. Едностраното, ултимативно донесување одлука, нема да донесе позитивни резултати. Еве, во понеделник ќе имаме состанок со синдикатите, потоа и со работодавачите, и ако сите се согласат и понудат конкретна бројка, ние следната недела ќе имаме покачување на минималната плата.“ – изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во „Топ тема“ на телевизија Телма.

„До пред неколку години немавме никаков дијалог, власта сама одлучуваше за сите прашања во економијата. Дали ќе имаме плата од 18 илјади? Да, ќе има. Кога? Кога ќе имаме заедничка одлука на сите чинители, на сите социјални партнери, а тоа ќе го постигнеме само ако дискутираме“ – изјави Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК