Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ФОТО) Обвинителот Јовески преку писмо добил смртна закана од припадник на терористичка организација

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот.

Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата.

Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката.

Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја доби на 26.1.2022.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена, а студентите добиваат картичка со 20 проценти попуст преку М-услуги

ДЕСК

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација што решава проблеми, а не создава нови!

ДЕСК

Филипче: СДСМ поднесува интерпелација за Трајко Славески за Алта банка, бараме одговорност

ДЕСК