Бикот не се врзува за кого било, но оној што ќе го пуштат во своја близина ќе го чуваат до крајот на животот. Лавовите се сериозни моногамисти и може да ги задржи само некој на кој целосно му веруваат.
Кога ќе ја снема страста, го снемува и Овенот. Припадниците на овој знак обично се вљубуваат брзо, интензивно и со целото свое срце. Врската со Овенот е динамична и страсна, а нивните чувства се исклучително длабоки.
Во љубовта често се непромислени, кавгите со нив се чести, па маѓепсаниот круг на кавги и помирувања може да трае доста долго. Или додека не исчезне страста. Штом тоа се случи, тие излегуваат од врската. Може да се скрасат само со некој кој им претставува постојан предизвик.
Бикот не го напушта партнерот дури и кога е најлошо. За припадниците на овој знак може да се каже дека се олицетворение на лојалноста. Бикот нема да се врзе со кого било, но имаат намера до крајот на животот да го задржат тој на кого ќе му дозволат да им се приближи.
Близнакот ќе ве натера вие да го оставите. Припадниците на овој знак во суштина се многу лојални и не сакаат да заминуваат, но партнерот можат да го тестираат до крајност на љубомора.
Понекогаш ќе ги измачува флертувањето со други, па токму така му даваат причина на партнерот да ги остави. Начинот на кој Близнаците можат да се скрасат е да имаат некоја занимација, на пример, нешто што ќе ги натера да се чувствуваат љубоморни.
Ракот бара една љубов за живот – припадниците на овој знак не сакаат сомнеж, несигурност и неизвесност во љубовта. Тие се склони кон долги врски, а често се смируваат со првата вистинска љубов.
Сепак, Раковите знаат да бидат доста захтевни, љубоморни и несигурни, поради што можат да го оттргнат партнерот од себе. Во бракот генерално се верни.
Лавот сака кратко, ама слатко. Припадниците на овој знак обично внимаваат кога влегуваат во врска и не се заљубуваат веднаш. Сепак, штом ќе се уверат дека го освоиле предметот на својата страст, тие се многу страсни во врската и се предаваат целосно.
Но, во нивната природа е сè брзо да им здосади, па нивните врски обично траат од една до две години. Лавовите се сериозни моногамисти и може да ги задржи само некој на кој целосно му веруваат, а кој, секако, може да ги забавува.
Девицата останува сè додека е емотивно исполнета. Припадниците на овој практичен и тврдоглав знак во љубовните врски најмногу уживаат во фазата на додворување и освојување.
Тие се лојални и верни долго време, и не се занимаваат со измами бидејќи не се знак кој е насочен на секс. Девиците ќе се скрасат во врска која им дава емотивна и материјална сигурност, како и почит.
Без пријателство за Вагата нема ниту врска. Еден од најпосветените знаци во љубовните врски е Вага, а нивните долги врски најчесто се засноваат на пријателство. Меѓутоа, и во таквите врски имаат добри и лоши фази, кои понекогаш може да го загрозат опстанокот на врската.
Скорпијата прекинува поради љубомора. И покрај тоа што припадниците на овој знак се водени од еротска енергија, тие се едни од најлојалните знаци на хороскопот. Бидејќи се многу харизматични и привлечни, нивните партнери ќе се соочат со многу предизвици. И љубомора.
Стрелецот бара врска која ја поттикнува неговата слобода. Припадниците на овој знак ги опишува неодлучноста во емотивните работи, па честопати и самите не се сигурни во својот љубовен избор.
Јарецот очекува апсолутна верност. Припадниците на овој знак се многу традиционални и им е тешко да се поврзат со некого, но ако го направат тоа значи дека мислат дека тоа би можело да трае цел живот.
Од партнерот очекуваат целосна и несомнена верност, а измамата ќе ја доживеат како предавство и веднаш ќе ве отпишат. Добриот секс и децата се „лепило“ што Јарецот го задржува за цел живот.
Водолијата останува со партнерот кој ѝ е предизвик. Припадниците на овој знак по природа се прилично немирни и тешко им е да останат со луѓе кои не им се доволно интересни или на кој било начин не претставуваат предизвик.
Водолиите се омилен зачин на животот, па најчесто имаат многу партнери. Сепак, тие можат да се предадат и да се заљубат, но тоа пука ако мора премногу да се прилагодуваат. Ќе се смират со партнер со кој никогаш не им е досадно.
Рибите се најверниот знак во хороскопот. Припадниците на овој знак може да се каже дека се олицетворение на верност и лојалност и, кога би можеле, би биле среќни цел живот да бидат со еден партнер.
Рибите ќе ја прекинат врската дури откако ќе увидат дека не можат да се справат со насобраните фрустрации.