Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистени три тешки кражби, украденото вратено на сопствениците

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од 7.01. до 12.01. биле извршени во објект на „Железници на РСМ“ во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, а Е.П.(35) и А.М.(18), двајцата од Гостивар, се осомничени дека се извршители на кражбите.

Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари.

Одземените предмети се пронајдени и на 24.01.2022 се вратени на сопствениците, лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК