21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Убава вест: Зголемените пензии ќе се исплаќаат уште од утре

Утре започнува етапната исплата на јануарски пензии, зголемени за 2,9 % по основ на усогласување со порастот на трошоците за живот.

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година (понеделник).

Спонзорирано: