9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Малите партии му порачаа на Мицкоски дека не ја менуваат страната

Помалите партии му порачаа на лидерот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски да не смета на нивната поддршка за предвремени парламентарни избори. Тие се децидни дека промената на изборниот модел од шест во една изборна единица е позитивен чекор, но дека тоа не значи поддршка на идејата на Мицковски за предвремени парламентарни избори.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин изјави дека „право на опозицијата е да бара предвремени избори, но ДОМ не планира да ја промени страната, ниту да биде една од партиите што ќе поддржи распуштање на Собранието. “ Таа дополнително истакна дека барањето на помалите партии за една изборна единица воопшто не е поврзано со барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Оградување за иницирање на предвремени парламентарни избори имаше и од страна на Демократскиот сојуз Павле Трајнов којшто изјави дека: „ Демократскиот сојуз не учествува во никакви активности на опозицијата. Не сме дел од нивниот процес ниту учествуваме во пазарења за промена на мнозинството или во иницирање предвремени избори “.

Во приоритетите на новата владина програма со новиот премиер Димитар Ковачевски се предвидени реформи на изборното законодавство, односно анулирање на системската предност на четирите големи партии на изборите, како и една изборна единица без праг и пропорционален изборен модел. Малите партии се задоволни што наидуваат на поддршка за промена на изборниот модел како дел од заложбите на новата Влада и се надеваат дека сите партии ќе постигнат согласност по ова прашање.