14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Како економист, не сум застапник на прогресивно оданочување

Премиерот Ковачевски во врска со даночниот модел во државата, смета дека треба да има праведно оданочување, а како што рече, тој не е застапник на прогресивно однаночување. Ветува предвидливост на законските регулативи, односно оние кои плаќаат даноци ќе имаат рок од 6 месеци да ги видат новите законски измени и да дадат коментари по истите.

-Сметам дека треба да имаме праведно оданочување, и тоа, праведно оданочување може да се доведе во врска со праведно оданочување по вертикална основа тоа е еден концепт во којшто се прават анализи за зголемување на транспарентноста, за зголемување на опфатот на базата во оданочувањето бидејќи да не заборавиме ние имаме прилично високо ниво на сива економија. Значи УЈП ги презема мерките преку дигитализација преку преминување на мерките од меѓународната програма БЕПС за избегнување на трансфер цени на данок на основа. Нема да има промена на даночните стапки тоа ве уверувам. Веќе министерството за финансии заедно со другите финансиски институции во државата работи на предлог законот во однос на даноците. Тој кога ќе биде направен ние ветивме дека ќе имаме предвидливост, оние кои плаќаат даноци ќе имаат рок од 6 месеци да го видат законот и да ги дадат своите коментари – рече Ковачевски.