Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Успешната приказна продолжува: Сашо Тасевски со нов мандат за директор на полицијата

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница го именуваше м-р Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, кој и досега ја извршуваше оваа должност.

Тасевски за прв пат со одлука на Влада беше назначен за директор на Биро за јавна безбедност на 22.08.2018 година. Во периодот од досегашното повеќе од три годишно извршување на функцијата, полицијата бележи успешни резултати.

Криминалитетот постојано се намалува, а расте довербата на граѓаните во македонската полиција. Сашо Тасевски е магистар по криминалистика и криминологија на Факултетот за безбедност во Скопје и докторант.

Можеби ќе ве интересира

Сертифицирана втората генерација социјални ментори во земјава

ДЕСК

„Европа е за можностите“: Младите во Штип го одбележаа Денот на Европа преку студии, мобилност, дијалог и музика

ДЕСК

Вознемирувачки случај во центарот на Скопје: Жена пријавила недолично однесување на маж кој се самозоволувал пред неа

ДЕСК