6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Корупцијата чесните ги прави наивни, а нечесните снаодливи

Борбата со корупцијата и криминалот треба да биде во институциите кои се задолжени за тоа, како МВР, Обвинителството, судството и сите тие да сносат апсолутна одговорност за тоа што го работат, потенцира премиерот Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју на Кала5. Поборник е за нулта корупција, тоа им го ставил до знаење и на своите сопартиици, но и на членовите во Владата. Премиерот е убеден дека само со функцонален систем може да има функицонални институции кои ќе одговорат на тој предизвик.

-Јас и во партијата, и во Владата кажав дека ќе се придржувам до принципот на нулта корупција. Корупцијата е најголемиот проблем во која било држава, таа прво го уништува системот на вредности во државата оние којшто се чесни ги прави наивни, а оние којшто се нечесни се сметаат дека се снаодливи. Јас никогаш нема да застанам во одбрана на некој за кој се смета дека сторил одредено дело. Исто така ќе повикам сите институции коишто се задолжени за борба против криминалот и против корупција корупцијата – МВР, Обвинителството коешто одговара пред Собранието, како и судскиот систем којшто е комплетно независен, дека треба да си го завршат својот дел од работата – рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека институциите мора да бидат функционални, да ја зголемат транспарентноста и да ја зголемат ефикасноста во работењето.

Спонзорирано: