Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Со посветена работа ја направивме Македонија најбезбедна држава на Западен Балкан

Релевантни меѓународни институции ја рангираа Северна Македонија како најбезбедна од земјите од Западен Балкан, со скок од 71. место на 40. место во период од 2017-2021. Имено, во 2017 година на стратешко ниво го поставивме мотото „МВР за граѓаните”, со што го воспоставивме и концептот полиција – сервис на граѓаните, изјави во интервју за МТВ Оливер Спасовски.

Денес, професионалноста и посветеноста се водилки во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата. Цврсто сум уверен дека напредокот на Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба.

Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК