Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Интересот на Франција е зголемен, но да не очекуваме друг да ни ги реши проблемите

„Франција е многу важна држава членка на ЕУ без која не може да се утврди крупна политика во проширувањето, како што и осетивме на своја кожа. Напорите на претседателот Макрон се искрени. Тие помагааа и досега, заедно со Германија и други фактори, но тоа не значи дека проблемите ќе ни ги реши некој друг“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека Франција во минатото често ја избегнуваше темата за проширувањето, но денес има појасна и отворена политика кон Балканот.

„Треба да работиме со Франција на овие прашања, бидејќи интересот на Франција за Балакнот е зголемен“ потенцираше Маричиќ.

Вицепремиерот истакна државен интерес е час поскоро да се тргне ветото од страна на Бугарија, но тоа не треба да се прави по секоја цена. Маричиќ додаде дека решението мора да биде такво во кое Северна Македонија ќе биде уважена и ќе имаме исход кој ни одговара нам и ќе биде поддржан од нашиот Устав.

Можеби ќе ве интересира

Следува сонце, па значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК