Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

138 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи. Од нив 12 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Клековски во Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“: Над 40 милиони денари вложени во модернизација на установата, вклучувајќи ординација со општа анестезија

ДЕСК

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК