7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Крст ќе се фрла и во Кисела Вода – Општината ги повика граѓаните да се пријават

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани за учество во одбележување на празникот „Богојавление – Водици“.

„ Од оваа година, се возобновува традицијата за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот “Расадник”, во среда, на 19 јануари 2022 година. На фрлањето на крстот, закажано за 12 часот, ќе му претходи божествена литургија. За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од градоначалникот на Општина Кисела Вода, во износ од 12.000,00 денари, како и бела техника-апарати за домаќинството, обезбедени од донатори-спонзори“ се наведува во повикот.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до утре, вторник 18.01.2022, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Вечерва започнува Културно лето 2022 во Општина Кисела Вода

M T

Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад – жителите да се јават и да закажат термин

M T