5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на владата граѓаните се во неизвесност дали ќе има греење

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поради неспособноста на владата граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење.

Владата, сметаат од таму, не испреговара евтини цени за гасот кога тоа го правеа сите држави од регионот и светот.

Оценуваат дека Македонија плаќа најскап гас.

„Хаварија е и во снабдувањето со струја. Во РЕК не се копаше јаглен и се донесовме во ситуација како држава среде зима да немаме резерви ниту за две недели, па мораше да се купува скап јаглен и скапа струја. Неспособноста на владата резултира со поскапи сметки за парно и за струја за најмалку 1500 денари по домаќинство“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Владата на СДСМ, како што велат, не може да ја извади државата од енергетска криза. Додаваат дека се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.

Спонзорирано: