9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРАИЗБОР

Забрчанец: Тозија ги координираше и проектите Пелинце, Небрегово и Орден на Републиката

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност во Владата:

Покрај огромните успеси во и за македонската кинематографија, Горјан Тозија Медо е особено значаен и поради тоа што:
– го водеше проектот Спомен куќа на Блаже Конески во Небрегово, од реновирањето до поставувањето на содржината и концепт за функционирање;
– раководеше со проектот Меморијален центар на АСНОМ „Пелинце“ од почеток, со конкурс, избор на проект, па сé до изведба и отворање;
– беше координатор на проектот „Орден на Републиката“ – целосно од идеја, конкурс, до изведба, организирање и реализација на првото доделување на ордените на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски;
– ја организираше церемонијата за погребот на претседателот Борис Трајковски, како и церемонијата за погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова;
– до својата ненадејна смрт го водеше телото за поддршка и одржлив развој на Преспанскиот регион;
– има напишано сценарија и има реализирано над 30 значајни државни настани и манифестации.

Спонзорирано: