Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години

Во програмата за работа на мандатарот Димитар Ковачевски фокусот е ставен на младите и намалување на младинската невработеност, а една од предвидените мерки е и поврат на персоналниот данок на дохот за сите нововработени млади под 30 години.

Со оваа мерка, средствата ќе се враќаат назад дикретно на нивната сметка со што се овозможува дополнителен прилив.

Освен ова, државата ќе обезбеди стимулации за младите, што е можно порано да се стекнат сопствена економска независност, како предуслов за позитивните демографски состојби и намалување на миграционите движења.

Државата ќе ги покрива придонесите за секое вработено лице до 29 години кое ќе се вработи за прв пат, а ќе следи и дополнителен стимул за секој месец, за секој нововработен. Исто така државата ќе го покрива и трошокот на фирмите за обезбедување на знаења и вештини преку пракса за младите кои не се спремни за работа бидејќи се уште не развиле вештини.

Како дел од поддршката за младите во програмата на Ковачевски ќе наведува и продолжување на силната поддршка на младите земјоделци со грантови до 20 илјади евра со цел да се мотивираат да се занимаваат со земјоделство и да произведат финален продукт атрактивен за европскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Во маркетите цената на маслото, јајцата, сувомеснатите производи растат – литар масло повторно стигна околу 100 денари за литар

ДЕСК

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

ДЕСК

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“ со заедничка волонтерска активност на повеќе од 100 присутни, донација и панел-дискусија

ДЕСК