„Посетата на бугарскиот премиер Петков ќе ни даде еден нов правец. Би сакал и двете земји да се свртат кон иднината, бидејќи попусто и залудни ќе биде да се занимаваме со прашња кои не водат никаде. Верувам во пресвртот и дека прашањата кои ќе се дискутираат, ќе се прашања што ги гарантираат нашите црвени линии и гледаат кон иднината“ кажа потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека двете земји и двата народа можат да постигнат многу преку меѓусебната соработка и дека само така ќе се помогне на идните генерации.
„Во духот на европските вредности и принципи целиот процес може да добие нов тек. Соработката да се интензивира во најразлични области и да се насочиме кон иднината. Јас сум оптимист“ кажа Костадинов.
Тој додаде дека новите влади во двете земји може да понудат нешто ново и повика да ја почекаме средбата помеѓу новите премиери, која ќе го даде новиот правец на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.