5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Кавадарци затрупано во снег: Општината апелира да се остане дома

Општина Кавадарци апелира граѓаните да не патуваат доколку не е неопходно, бидејќи снежната покривка изнесува до 30 сантиметри на повисоките места.

-Поради обилните врнежи на снег во текот на ноќта, снежната покривка на повисоките места достигна до 30 сантиметри. Зимските служби остануваат на терен, иако чистењето се одвива тешко. Апелираме граѓаните да не се движат доколку тоа не е неопходно, за да не дојде до несакани последици, велат од локалната самоуправа.

Од Општината вчера попладне соопштија дека во Кавадарци службите биле целосно мобилизирани.

– Сите улици и булевари во градското подрачје се исчистени и комплетно проодни, нагласија вчера оттаму.

Две возила за чистење снег беа упатени кон селата Страгово, Гарниково, Крњево, Бојанчиште, Горна Бошава, Чемерско, Мрежичко, Конопиште, како и кон Михајлово, но и трактор кон селата Рожден и Мајден.