Во Скопје денеска е воведен посебен сообраќаен режим на улиците што водат кон градските гробишта, поради одбележувањето на Митровденската задушница. Министерството за внатрешни работи информира дека измените се однесуваат на пристапните патишта кон гробиштата во Бутел, Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
Кај градските гробишта во Бутел сообраќајот се одвива еднонасочно, по кружна траса. Возилата се насочуваат преку улиците „Бутелска“, „Александар Урдаревски“ и „Боца Иванова“, со цел да се овозможи полесно движење во услови на зголемена посетеност.
Полицијата апелира возачите да ја почитуваат поставената сигнализација и упатствата на службениците на терен. Се очекува зголемена фреквенција на возила, особено во претпладневните часови, кога најголем број граѓани ги посетуваат гробиштата.


