Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Еден загинат, возачот и пет патници на автобусот со повреди – детали за тешката сообраќајка меѓу автобус и автомобил во Скопје

На 10.01.2022 во 17.35 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Андонов Ченто“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од С.С.(60) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје.

На местото на несреќата починал С.О., а возачот на автобусот и уште пет патници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК