16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Доаѓа снег и голем студ низ Македонија, детална прогноза

Денес ќе се задржи облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе започне да дува умерен северен ветер кој утре и во среда ќе биде засилен.

Утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер, а минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.

Прогноза за 12.01.2022
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: -1°C до 7°C
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 13.01.2022
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: -4°C до 5°C
Сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 14.01.2022
Минимална температура: -13°C до -2°C
Максимална температура: -1°C до 8°C
Претежно сончево и студено со слаб до умерен ветер од северозападен правец.