„Ние ги повикавме Град Скопје и општините во градот да се вклучат со креирање мерки за да излезат во пресрет на граѓаните. Град Скопје и општините треба да се вклучат со различни програми за дикретно да им помогнат на граѓаните, но и да го ублажи притосокот со ликвидноста што го имаат компаниите што снабдуваат топлинска енергија во градот“ кажа министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување на природен гас за греење на јавните институции.
„Информирани сме како влада и Министерство за економија за ситуацијата во Општина Чаир. Известена е Регулаторната комисија за енергетика дека во делот на јавните институции, преземеаме одговорност за по пазарна цена на природен гас да се снабдуваат градинките, школите, зградите на општините и слично“ кажа Бектеши.
Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои се обезбедении уште еднаш побара од општинтие и управата на Град Скопје да се донесат мерки со кои дополнително ќе им се олесни ситуацијата на граѓаните, по одлуката на РКЕ за зголемување на цената на парното.
Што вели Член 151, Закон за енергетика?
(1) Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со
топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална
самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски
дејности:
1) производство на топлинска енергија;
2) дистрибуција на топлинска енергија и
3) снабдување со топлинска енергија.