Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, Град Скопје спие

Прв во Европа, трет во светот. Скопје синоќа повторно се најде на неславната табела на најзагадени градови. Магливиот ден и ноќта во која се палеа бадникарските огнови допринесоа мерните станици во главниот град да измерат и до 13 пати поголемо загадување од дозволеното.

Овие податоци беа доволни Скопје да се најде веднаш зад Дака во Бангладеш и Лахоре во Пакистан на светската листа на градови со најмалку квалитетен воздух. Денот донесе подобрување, но недоволно.

Градските власти засега молчат и не ја лоцираат причината за тоа, ниту пак има некои видливи и опипливи мерки.

Можеби ќе ве интересира

Апел од СВР Струмица: Не палете стрништа – закана од пожари!

ДЕСК

Стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот Скопје

ДЕСК

Орце Ѓорѓиевски донира реквизити за сензорна соба во градинка

ДЕСК