Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник, пронајдено возилото што го украл е вратено на сопственикот

На 04.01.2022 во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Р.Р.(20) од Струга. За него бил распишан централен распис, поради сомнение дека на 22.12.2021 во Скопје одзел патничко возило „фолксваген голф“. со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б.(33) од с.Крушопек, скопско.

Во полициската станица тој го признал делото.

Возилото му било одземено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 242 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК