1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Се надевам опозицијата ќе се опамети и нема да ги блокира законите кои се во интерес на граѓаните

„Се надевам дека опозицијата ќе се опамети и нема да ги блокира законите предложени од Владата, со цел државата да функционира и работи како што треба“ кажа потпретседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието, Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на ТВ24.

Таа додаде дека блокирани се голем број на закони кои се за добробитта на граѓаните.

„Блокиран е законот за наставници, со кои околу четири илјади наставници ќе преминат од вработени на определено на неопределено време, со цел да ја исклучиме политиката од вработувањата“ кажа Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека блокирани се и други закони, меѓу кои и законите за усогласување на македонското со ЕУ законодавството.

Како што кажа Костадиновска Стојчевска опозицијата ги блокира законите со поднесување на голем број амандмани, како и со злоупотреба на процедуралните забелешки кои траат до недоглед.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Најавувам 8 нови инвестиции за нови вработувања и посилен стандард

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Директни линии од и до Скопје од Мадрид, Стокхолм, Келн, Прага и Бари, се зголемува бројот на туристи, државата засилено се поврзува

ДЕСК

Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, продолжуваме да разговараме

ДЕСК