Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

158 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (3.1.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 14 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за минување затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 57 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија

C +

Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

C +

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

C +