17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Ацевски: Инвестициите во енергетиката спречија драстичен раст на цената на струјата, следува помош за најпогодените

Прес-конференција на Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ:

Во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството.

Ширум светот расте цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството.

Најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто.

Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто.

Со навремена интервенција Владата предводена од СДСМ кај нас успеа да спречи енормен раст на цената на електричната енергија и поскапува за 9,48 отсто.

Тоа се должи на навремено актвирање на сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори.

Обезбедени се доволни количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока.

Во план е месецов да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со тоа, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство, без да има каков било увоз на струја во месец јануари.

Владата предводена од СДСМ потпиша договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката. Меѓу нив е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД која ќе изгради 69 ветерници, но и соларниот парк Стипион во Штип.

Само овие две инвестиции ќе обезбедат електрична енергија од над 800 мегават часови од обновливи извори, што ќе обезбеди сериозно зајакнување на енергетскиот капацитет на државата.

Имајќи го предвид покачувањето на електричната енергија, Владата предводена од СДСМ обезбеди 60 милиони денари со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливите категории, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Сето ова се мерки кои ги преземеме за заштита на животниот стандард и унапредување на енергетскиот сектор.

Почитувани,

Владата и институциите ја следат состојбата во енергетскиот сектор и подготвени се да се справат со сите предизвици кои ќе следат во наредниот период.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

M T

АД ЕСМ-ЕБРД: Инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во енегретска криза

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T

Каевски: Со буџетот се предвидени повеќе пари за капитални инвестиции

M T