Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драма на Галичица: Полицијата спаси завеани битолчани

На 02.01.2022 во 18.25 во ОВР Ресен, Ј.Д.(20) од Битола пријавил дека поради големи снежни наноси со патничко возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, бил заглавен на планината Галичица, односно на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото, по што заедно со возачот и сопатниците А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, биле извлечени од снегот и спуштени на безбедно место.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК