26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

На први и втори јануари ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред, од понеделник по редуциран зимен ред

Утре, на 1.1.2022 год, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите, согласно неделниот возен ред, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје.

В недела ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.

Денеска, петок, сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот.

Утре, сабота, дежурни од 10 до 17 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

В недела, дежурни од 7 до 19:30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Од понеделник јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, поради училиштниот зимски распуст.

Жичарницата утре ќе работи од 11 до 17 часот а во недела, вообичаено од 10 до 17 часот.

В понеделник нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се врши редовен преглед на објектот, сооштуваат од ЈСП Скопје.

Ги потсетуваат корисниците на годишните средношколски билети за бесплатно користење на јавен превоз, дека тие нема да важат за време на претстојниот зимски распуст.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Почина маж – откако бил прегазен со возило, а возачот побегнал – па се вратил без кола

ДЕСК

Министерот Мисајловски на средба со командантот на КФОР, генералот Бардуани: остануваме посветени на регионалната безбедност и стабилност

ДЕСК

ПОВОЗРАСНИТЕ СЕ НА МЕТА: Уште една измама со лажна сообраќајка, битолчанка измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари

ДЕСК