Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека струјата ќе поскапи за 30 до 40 отсто, денеска таа лага му падна во вода

Соопштение на СДСМ:

Со месеци Христијан Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека цената на струјата за домаќинствата ќе се покачи помеѓу 30 и 40 отсто и предвидуваше апокалиптични сценарија.

Денеска, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на струјата ќе се зголеми за 9,48 отсто што е три до четири пати помалку од лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со навремено преземени чекори во енергетиката, успеа да го заштити стандардот на граѓаните.

Со активирањето на сите капацитети, зголеменото производство на домашна електрична енергија, државата не дозволи поскапувањето на електричната енергија да биде драстично и да создаде ценовен шок.

Државата презема обврска да им помогне на најранливите категории граѓани преку финансиска помош, односно преку ваучери за сметки за електрична енергија да бидат помогнати над 45.000 граѓани.

Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, институциите се тука за да го заштитат и унапредат нивниот животен стандард без разлика на глобалните енергетски предизвици.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК