Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси битолчанец во Скопје – битолското обвинителство распишало централна потерница

На 29.12.2021 во 21.00 часот на ул.„Московска“ во Скопје, Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(31) од Битола. Тој бил баран по Централна потерница од Основното јавно обвинителство Битола за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во домот во Скопје во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и поголем износ на пари во различни валути и апоени. Тој бил предаден во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, ова се неговите лаги

ДЕСК

Ноќна драма во Гевгелија: Возел со 1,72 промили, учествувал во незгода и избегал

ДЕСК

Инспектор за пожари и обвинител известени по пожарот во фабрика во Радовиш

ДЕСК