22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕТЕМА

Руска лекарка предупредува: Овие луѓе е опасно да јадат банани

На лицата со гастритис им се советува да јадат банани за да ја намалат киселоста на желудникот и ризикот од горушица, но подобро е да го избегнуваат тоа овошје во случај на цревни заболувања во акутната фаза, изјави руската докторка Татјана Разумовска.

Според нутриционистите, зелените незрели банани имаат висока содржина на натриум и затоа можат да дејствуваат како диуретик.

„Зрелите банани имаат лаксативно дејство, па ова овошје е најверојатно штетно при цревни пореметувања или гастроинтестинални заболувања во акутната фаза. Може да предизвикаат надуеност“, објасни Разумовска.

Таа додаде дека една банана дава енергија за еден час вежбање сила или тешка физичка работа.

Како што вели, ако овошјето се исуши, калориската содржина во бананата петкратно ќе се зголеми.

Можеби ќе ве интересира

Сите добри страни на лубеницата: го чува нашето здравје

C +

„Тивок убиец“ на модерниот човек

C +

Во лето да внесуваме колаген како додаток во исхраната, бидејќи сончевото УВ зрачење е причина плус за оштетување на молекулите на колаген и нивно губење во кожата

ДЕСК