24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Нова Влада за ефикасно, чесно и одговорно владеење

Новата Влада ќе има јасна цел – обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. Најавувам силен фокус на економскиот развој на земјата и финансиска поддршка за семејствата, рече денеска претседателот на СДСМ и мандат, Димитар Ковачевски.

На настан во кабинетот на Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска Ковачевски го доби мандатот за состав на нова Влада во уставно загарантиран рок од 20 дена.

Ковачевски во обраќањето рече дека започува со формирање нова Влада за ефикасно, чесно и одговорно владеење.
„Ефикасно, чесно и одговорно владеење ќе биде одлика на тимот кој јас како мандатар ќе го составам. Moja лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите. Мора сите заедно да се стремиме кон градење независни институции и правично општество ако сакаме да ни веруваат оние на кои им служиме.“ рече Ковачевски.

Новата Влада јасно ќе ги дефинира приоритетите за работа. Секоја минута од нашето време мора да ја посветиме на клучните проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани. На оние проблеми за кои секојдневно зборуваат и ги мачат, а тоа е економската несигурност и животниот стандард, додаде Ковачевски.