Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Нов тим во Влада кој ќе одговори на сите предизвици, фокус на економијата и помош за семејствата

Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат веќе од почетокот на следната година. Најавувам силен фокус на економскиот развој на земјата и финансиска поддршка за семејствата, рече претседтелот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска по врачување на мандатот од страна на претседателот Стево Пендаровски.

„Живееме во турбулентни времиња, соочени сме со долгогодишни проблеми кои го попречуваат напредокот на државата и остварување на стратешките цели. Ваквите времиња бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе кои ќе понесат одговорност да се соочат и да ги надминат сите препреки со цел заштита и грижа за граѓаните.“ рече Ковачевски.

Граѓаните бараат да видат разлика, да видат напредок, а со тоа и да ја вратат довербата дека можеме и умееме како општество, додаде Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Малолетници – разбојници и насилници завршија во полициската станица во Бит Пазар

ДЕСК

Полицијата не се шегува: 12 лица уапсени за возење во пијана состојба, напишани 2.382 казни – државата трие раце

ДЕСК

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30% од своите гласови

ДЕСК