10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Божиновска: Арсовска за шест пати ги намали средствата за субвенции за инвертори

Советничката во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, Лилјана Божиновска смета дека ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина, сега стануваат лажни предизборни ветувања.

Според Божиновска, во реалноста, Арсовска крати буџетски средства во секторот за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки.

„Покрај тоа што за три пати ги намали средствата за Секторот за животна средина, Арсовска сериозно ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори. Субвенциите кон скопјани за инвертори за следната година се намалени на само 24 милиони денари, шест пати помалку од претходно. Субвенционирањето за набавка на инвертори досега го искористија околу 5.000 домаќинства во Скопје, тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот“, истакна Божиновска.

Данела Арсовска, како што додаде советничката на СДСМ, наместо да ја продолжи и унапреди оваа мерка, таа крати средства и зборува за неиздржани и популистички мерки.

Со ваков пристап, смета Божиновска, Арсовска, градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не може да се бори против аерозагадувањето.

„Арсовска мора да почне нешто да работи, особено она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки да ги продолжи а не ги намалува“, подвлече Божиновска.

Спонзорирано: